FCA ќе инвестира 5 милијарди евра во модернизација на фабриките во Италија

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) ќе инвестира над 5 милијарди евра во модернизација и надоградба на фабриките на FCA низ Италија.

Целта на оваа инвестиција е зголемување на капацитетите и можностите на фабриките и нивна подготовка за производството на идните модели на овој производител. Тука пред се се мисли на EV иднината на FCA како и успешното имплементирање на новиот стратешки план претставен во јуни годинава.

Новите модернизирани фабрики меѓудругото се припремаат за новиот SUV на Alfa Romeo, Pomigliano, новата Giulietta, моделите Compass и Renegade на Jeep како и електричните Fiat 500 и Fiat Panda.

Инаку во Италија FCA има пет фабрики и тоа во Торино, Груљаско, Пиедимонте Сан Германо, Мелфи и Наполи. Во Италија се наоѓа и единствената фабрика на FCA каде се произведува моделот Maserati, а тоа фабриката во Модена која не е опфатена со овој план.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK