Европејците ги откажуваат капарисаните нови возила – половните автомобили поскапуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот магазин Automobilwoche објави неколку интересни информации поврзани со купувањето на нови автомобили во Европа. Според податоците, во последно време во Европа има повеќе случаи кога потенцијалните купувачи ги откажуваат нарачките на вече капарисани автомобили.

Со некои од продавачите, од списанието разговарале лично, и тие велат дека бројот на такви ситуации драстично се зголемил во последните години. Експертите сметаат дека тоа се должи на нестабилната економска состојба и неизвесните изгледи.

Бидејќи купувачите сè уште не можат да предвидат кога ситуацијата ќе се стабилизира, тие претпочитаат да ги одложат големите расходи. Друга причина е долгото чекање за нов автомобил.

Управниот директор на европска групација која продава автомобили вели за публикацијата дека сега е многу поважно луѓето да заштедат пари за да се уверат дека имаат доволно храна и домување.

Сето ова доведува до зголемување на побарувачката и цените на половните автомобили, бидејќи Европејците поретко ги продаваат своите лични автомобили. Тоа доведеува до зголемување на цените на половните автомобили, и тоа на сите пазари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK