Еве какви автомобили поседуваше Коби Брајант (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Светот се потреси од веста за смртта на НБА легендата Коби Брајант. Брајант загина во трагичната хеликоптерска несреќа, заедно со својата ќерка и останатите седум члена на екипажот.

Како и секој успешен спортист така и тој уживаше во луксузниот живот пропратен со супер моќни автомобили.

Тој поседуваше многубројни, супер луксузни автомобили. Се чини дека најмногу уживаше во Ferrari автомобилите. Поседуваше три, а еден од нив е моделот 458 Italia вреден 329 илјади американски долари.

Уживаше и во ултра скапите автомобили од брендовите на Bentley, Rolls-Royce, Lamborghini… Од SUV моделите поседуваше Cadillac Escalade, Jeep Wrangler како и Land Rover Defender.

Во гаражата имаше и неколку олдтајмери, но највпечатлив беше Porsche 911 од 1964 година. Тука беше и Ford Mustang од 70-те години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK