Електричните автомобили сепак загадуваат!

ОБЈАВЕНО НА:

Ефектот на електромобилите како Tesla во борбата со глобалното затоплување е многу преувеличен, а тоа го покажуваат и резултатите од проучувањето на шведскиот Институт за еколошки истражувања (IVL), кое е направено по нарачка на Министерството за транспорт и Агенцијата за животна средина на Шведска.

Истражувањето кое вклучува најразлични проучувања, цели кон тоа да ја измери количината на јаглерод диоксид и други емисиии на штетни гасови кои се одделуваат при производство на најважната компонента во електромобилите – литиум-јонската батерија.

Резултатите на IVL покажуваат дека при производство на батерија со капацитет од 30 кВт/ч, каква се користи во Nissan Leaf, се испуштаат средно 5,3 тона јаглерод диоксид.За создавањето на 100-киловатните батерии на Tesla Model S се испуштаат 17,5 тона од гаста.

За споредба еден нормален автомобил со дволитарски бензинов моор, ако изминува средно по 15.000 километри години, ќе ги оддели овие емисии за околу осум години. При патувањето со авион од Европа до САД се испуштат 600 килограми јаглерод диоксид.

Тие одбележуваат дека производството на батерии би можело да биде и доста почисто ако во него се користи енергија од извори за регенерирање, но во моментов повеќето производители тоа не го прават.

Изненадувачки, истражувањата покажуваат дека емисиите од литиумот и другите елементи користени за батериите не се толку загадувачки, а тоа изнесува меѓу 10 и 18% од вкупната емисија на штетни гасови испуштени при производстово.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK