Електричниот Hummer SUV премиерно на 3 април

ОБЈАВЕНО НА:

На 20 октомври минатата година General Motors го претстави електричниот Hummer во пик-ап верзија. Сега, американскиот производител ја потврди и премиерата на SUV изведбата која на јавноста ќе и биде претставена на 3 април.

Во однос на дизајнот, истиот е идентичен како и кај пик-ап изведбата. Во понудата ќе дојде со истите мотори и верзии како минатогодишниот новитет.

Тоа значи дека централно место ќе заземе верзијата со три електромотори кои севкупно продуцираат 1.014 КС (746 kW). Автономијата, благодарение на Ultium батеријата ќе изнесува 563 км. Потврдено е и дека меѓуоскиното растојание изнесува 3.444 мм со вкупна должина на возилото од 5.507 мм.

Иако не е точно потврдено, во производство овој електричен SUV модел ќе се појави во втората половина од годинава. Ќе се произведува во Детроит, а покрај американскиот важен пазар ќе биде и кинескиот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK