Првта тројка во вкупната класификација при СУВ моделите во август е формирана од Peugeot 2008 сo 13.452 реализирани единици, Renault Captur со минимална разлика сo 13.090 и Volkswagen T-Roc сo 11.924.
Податоците кои ги објавува JATO Dynamics за минатиот месец покажуваат дека четири на секои десет продадени нови автомобили во Европа во август биле СУВ, а пазарниот дел достигнал ниво од 41%, додека вкупната реализација достигнала до 358.100 возила.
Половина од сите продадени возила во август се нови СУВ автомобили, а станува збор за 147.000 примероци, кои биле претставници на мали модели во така популарниот сегмент во Европа.
Првта тројка во вкупната класификација при СУВ моделите во август е формирана од Peugeot 2008 сo 13.452 реализирани единици, Renault Captur со минимална разлика сo 13.090 и Volkswagen T-Roc сo 11.924.
Од JATO Dynamics насочуваат внимание на пазарното претставување на неколку модели, а во тој дел на Ford Puma со 11.300 реализирани единици и најсериозен раст на пазарниот дел, Kia Niro, Volvo XC40 со раст од 82%, Skoda Kamiq со 6.000 продажби, Nissan Juke со двојно зголемување во побарувачката и други.