За возилата на Toyota постои верување дека се навистина издржливи и со одличен квалитет. Ова е доказ дека тоа е вистина. За сопственикот на возилото, Мајкл Нил, возилото Toyota Tacoma е работен коњ. Тој одржува апарати за магнетна резонанца во болниците во Вирџинија и Северна Каролина и на ден поминува по 800 километри. Оттуга и ја има направено оваа импресивна километража.
Се разбира, изгледот на автомобилот не е идеален и се забележуваат траги од активната употреба по каросеријата, а се гледаат гребнатини. Затоа, пак, внатрешноста е во добра состојба,
Вистина е дека сè во уникатната Tоyоtа Tасоmа не е оригинално. Моторот морал да биде сменет после 1,4 милиони километри. Автоматскиот менувач успеал да издржи дури 2 милиони километри.
Меѓудругото среднта потрошувачка на гориво на пикапот е многу умерена и е од 10 до 10,5 литри на 100 километри.
Мајкл Нил веќе размислува за замена на возилото. Сосема е можно локалниот дилер на Tоyоtа дa му прeдлoжи замена за нов модел на јапонскиот бренд без притоа да треба да доплати бидејќи оваа Tоyоtа Tacoma е со рекордна километража и може да стане музејски експонат.