Велосипед без ланец – цена како нов автомобил (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Пронаоѓачот од САД, Роџер Паркер изработи иновациски велосипед, кој нема ланец и чини колку автомобил на старо.

Според Паркер, традиционалниот ланец е застарен, бидејќи е комплициран за изработка, а воедно не е веродостоен и може да ја оштети облеката. Пронаоѓачот успеал да изработи целосно нов и различен велосипед кој го носи името NuBike. Место ланец, тој е опремен со уникатен пренос на лостот. И ако кај стандардните тркала има потреба да се ротираат педалите, во случајот на возењето на NuBike сè потсетува на крос-тренер.

Тест примерокот има четири брзини, но нивниот број може да биде зголемен или намален во зависност од модификацијата на NuBike. Благодарение на употребата на јагледодза рамката и тркалата, велосипедот тежи едвај 10 килограми, а при потреба тежината може да биде намалена и до осум. Велосипедот лесно се расклопува на три дела и го собира во багажникот на лесен автомобил.

Сите овие технологии се скапи и NuBike ќе лини околу 38.000 долари во САД, што е цена речиси еднакво на цена на нов автомобил. Овој факт може да стави крај на проектот бидејќи иновацискиот погон на велосипедот со оглед на тоа што е малку веројатно дека многу луѓе ќе сакаат да платат толку многу за него.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK