Spесiаlizеd го има електричниот велосипед од новата генерација

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Spесiаlizеd произведува патнички и моунтбајк велосипеди уште од 70-тите години на минатиот век во 2012 година го имаше првиот обид да влезе на пазарот на електрични велосипеди. И сега во мај во 2020 година, Spесiаlizеd го претстави електричното тркало од новата генерација наречено Turbо Vаdо SL.

Однадвор велосипедот речиси и да не се разликува од обичните патнички велосипеди. Turbо Vаdо SL не може да се вози како скутер бидејќи треба да се вртат педалите, а од Spесiаlizеd специјално го направија така што велосипедот ќе си остане велосипед. Сепак, благодарение на малата батерија, напорите на возачот се речиси двојно намалени.

Во овој случај електричната енергија ќе му помогне на возачот само до брзина од 45 км/ч (ако достигнете поголема брзина ќе треба да сметате на сопствени сили). Од Spесiаlizеd уверуваат дека малата батерија од 320 Wh e доволна за патување од 80 километри (а потоа моторот ќе запре и човекот ќе мора да ги врти педалите без помош на високите технологии).

Креаторите се горди дека овој електричен велосипед тежи само 15 килограми односно само малку повеќе од обичен велосипед. Единственото нешто кое може да ве вознемири е цената, а таа изнесува 3.350 долари.