Создадоа суперлесен електричен велосипед

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата HUMMINGBIRD Electric, која во 2017 година почна со продажба на најлесниот велосипед во светот од само 6,9 килограми, демонстрираше нова еволуција, а како резултат на тоа светот веќе има нов најлесен електричен велосипед.

Новиот електричен велосипед на HUMMINGBIRD Electric, кој е изработен и произведен согласно со специјалистите од областа на изработка на спортските автомобили, Prodrive, тежи само 10,3 килограми. Оди во пакет со батерија која ме да биде наполнета за само два часа, како и со специјално изработен прилог за следење на основните функции на ова превозно средство на две тркала.

Со основна намена за употреба во градска средина, елетричниот велосипед на HUMMINGBIRD и Prodrive располага со електричен мотор (250 W) за помош при движењето, а батеријата му е литиум-јонска (160 Wh).  Максималната брзина на движење на моделот е 25 км/ч, додека асистенцијата при движењето може да продолжи и да бидат поминати и над 30 километри.

Електричниот велосипед на HUMMINGBIRD располага со интелигентен систем на движење, кој е во состојба самиот да определува кога е неопходно да се интервенира, како на пример при тргнување после стоење на семафор и при качување на планина, на пример.

За да се стартува електронската помош на движењето е неопходно тркалото да развие брзина од само 8 км/ч, а после тоа велосипедистот треба да ги заврти педалите трипати назад. Електричната помош на движењето се запира автоматски, доколку превозното средство е во мирување повеќе од две минути.

Основната цена на овој елеткричен велосипед е 4495 фунти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK