Слушалки Louis Vuitton, чинат неверојатни 1000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Француската модна куќа Louis Vuitton влезе на пазарот за безжични слушали и тоа со модел кој чини неверојатни 1000 долари или 880 евра. Место да измислат топла вода, Французите едноставно земале готов продукт и само го брендирале со своето лого, кое им било доволно за трипати да ја „напумпаат“ цената.

Слушалките на Louis Vuitton практично се Master & Dynamic MW07, кои не се од најевтините и чинат 299 долари (263 евра). Сепак, со амблемот на француската марка нивната цена скока до 995 долари.

Единственото, кое од Louis Vuitton го имаат додадено е кутијата со вграден акумулатор. Таа е помасивна и има округла форма, но не влијае никако на фукционирањето или на квалитетот на звукот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK