Ременче кое го прави умен секој часовник (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Инженерите од Sony изработија универзално ременче, кое го претвора секој часовник во „смарт“ уред. Основниот модел Wena Wrist има LED индикатори, а поскапите модели се снабдени со OLED-екранче, на кое можат да се испишат два реда на текст.

Паметните ремени работат под оперативните системи Android и iOS. Широки се 20 мм, а адептерите дозволуваат да бидат поставени на часовници со ширина од 18, 20 и 22 мм.

Металната Wena Wrist Pro може да покажува пораки од телефонот, да плати сметки преку технологијата NFC и да ги измери чекорите. Wena Wrist Active е изработена од силикон и има сензор за GPS и додаток за мерење на пулс. Вградената батерија трае една недела во двата модели.

Wena Wrist Active чини 397€, додека Wena Wrist Pro е 450€. Заедно со нив се нудат и часовници по цена меѓу 115 и 450 евра.