Porsche дизајнираше безжичен звучник

ОБЈАВЕНО НА:

Добро е познато дека производителите на автомобили покрај тоа што се посветени на дизајнот, развојот и производството на автомобили, работат и на дизајн на други производи. Неретко, под нивниот бренд гледаме велосипеди, електрични тротинети, алкохолни пијалоци.

Porsche сега официјално го претстави дизајнот на својот безжичен звучник. Се работи за целосно нов дизајн на звучникот под назив PDS50 конструиран со алуминиумска обвивка, три инчна мембрана и едноинчен сателит задолжен за енергетично емитување на аудио сигналот.

Самата надворешна конструкција, но и компонентите во внатрешноста, се така дизајнирани да овој безжичен звучник е отпорен на течности, а секако, располага и со USB C порт и приклучок за полнење и литиумско-јонска батерија.

Овој производ на Porsche Desing е веќе достапен за продажба и се продава по цена од 336 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK