Мото е новото име на смартфоните на Lenovo

ОБЈАВЕНО НА:

Lenovo одлучи цела своја линија на паметни телефони да ја прекрсти во Moto, што значи дека бројот на телефони кои ќе го имаат името на еднаш еден од најреномираните производители на телефони драматично ќе се зголеми.

Оваа одлука е многу нормална бидејќи иако Lenovo е почитуван бренд кај таблетите и особено лаптопите, во смартфон светот никогаш не се проби вистински, односно главно е присутен во пониските класи, пишува порталот Smartportal.

Motorola од другата страна е многу попрепознатлив бренд во овој сектор, што може да им донесе зголемена продажба на сите телефони кои ги произведува Lenovo.

Од друга страна ова може да налути многу од традиционалните вљубеници во Moto телефоните, бидејќи збогатувањето на гамата со телефони кои ги немаат истите атрибути, како на пример чиста Android верзија, може да донесе до мешање на уредите. Поточно, ова дури може да биде и погубно за самиот “Moto” бренд.

Како и да е, оваа одлука на Lenovo е јасен показател дека производителот е сериозен во настапот на пазарот на паметни телефони и според тоа би можеле да очекуваме иновативни “Moto” телефони во наредниве неколку години. Ова, заедно со враќањето на Nokia може да ги разгори работите во овој сектор што е секогаш придобивка за купувачите.

Извор: smaptportal

Следете не и на:

24AUTO NETWORK