Изненадувањето на Skoda во Женева (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Изненадувањето кое беше најавувано од Skoda за саемот во Женева се покажа како многу интересно. Посетителите имаa што да видат, а името на изненадувањето е KLEMENT и ја демонстрира визијата на брендот за можно решение на проблемот со урбаната мобилност.

Со целосно електричен погон, SKODA KLEMENT ги поседува сите главни карактеристики на велосипед, но нема педали за погон.

Структурните реквизити кои личат така ја вршат функцијата на скалила, со навалување напред или назад на кои ќе поднесува команда за соодветната направа за движење кон електричниот погонски систем.

SKODA KLEMENT поседува алуминиумска рамка на иднината и е во состојба да развие максимална брзина на движење од 45 км/ч, системот за сопирање е хидрауличен и располага со антиблокирачки систем за сопирање и систем за регенерација на енергијата за сопирање, додека системот за осветлување е диоден.

Погонот на KLEMENT се остварува со помош на интегриран електромотор (4kW), а двете литиум-јонски батерии се со капацитет од 1250 Wh, што ветува автономност на движењето до 62 километри.

Батериите се полнат со целосно нивно отстранување од структурата и поврзување со домашен електричен систем.