Honda со нов тизер за Forza 750 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Не само производителите на автомобили, годинава иако под сенката на пандемијата на коронавирусот, и производителите на мотоцикли се обидуваат да се прилагодат на новите околности и да продолжат со развојот и претставувањето на планираните новитети.

Еден од таквите новитети е Forza 750 развиен од страна на мото дивизијата на Honda, чија премиера ќе се одржи на 14 октомври годинава.

Како најава, јапонскиот производител објави и кратко тизер видео на кое се забележува формата и одредени дизајнерски детали на овој мотоцикл.

Од претходно е познато дека овој мотоцикл ќе може да се стартува без клуч, а тука се и новите LED светла, TFT инструменталната табла, повеќе модови на возење како и бројна напредна технологија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK