Ducati го унапреди Streetfighter V4

ОБЈАВЕНО НА:

Без разлика што Volkswagen заговара продажба, инжинерите во Ducati активно работат на нови модели и подновување на постоечките.

Последен подновен е моделот Streetfighter V4. Како што објави самиот производител, овој модел сега располага со ЕУРО5 стандард за емисија, но и други новитети.

Тука се новите катализатори во издувниот систем. Истите се воведени со цел да се обезбеди усогласување со еколошката норма.

Ducati Streetfighter V4

Во однос на моќноста таа останува непроменета. Максималната моќност изнесува 208 КС со максимални 13 илјади вртежи во минута.

Овој подновен, како и останатите верзии веќе се достапни за нарачки, а првите испораки ќе бидат направени следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK