Би го купиле ли овој Porsche еспресо апарат? Цената е боли глава

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сте љубител на кафето и Porsche автомобилите, тогаш компанијата Super Veloce од Јужна Африка има идеален апарат за вас. Станува збор за апарат за еспресо инспириран од V6 моторот на Porsche 911.

Овој Espresso Veloce RS Black Edition апарат сега може да биде ваш за само 11.000 евра или колку една Skoda Fabia или Fiat Tipo.

Цената и не е толку висока ако се знае дека целиот апарат е изработен од посебна легура на алуминиум, нерѓосувачки челик како и титаниум. Сето ова го прави многу издржлив. Покрај тоа што формата е како 3,6 литарскиот мотор, тој содржи и одрредени елемнти како и кај моторот како то е поклопецот.

Porsche espreso

Доколку сакате овој апарат да го нарачате тоа можете да го направите преку интернет сајтот на Super Veloce, но треба и да побрзате бидејќи се произведени вкупно 993 апарати.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK