Минатата година компанијата Mitsubishi го искористи добро познатото име Eclipse на својот нов кросовер (Eclipse Cross), што предизвика и негативни коментари, пред сè фанови на некоганите купеа и кабриолети под тој назив.
Сега одредени независни дизајнери и предлагаат на јапонската фабрика како би требало да изгледа автомобил со тоа име. Еден од нив е и Енох Габриел Гонзалез, чија креација ја има на фотографиите.
Тој го замислил новиот Eclipse инспириран од моделот од деведесеттите години од имнатиот век, секако со дизајнерски елементи на модерните Mitsubishi модели.