Давидовски од следната сезона со „професионална“ лицена на ФИА

ОБЈАВЕНО НА:

Од следната сезона Виктор Давидовски во TCR Europe ќе настапува со лиценца како “професионалец“ откако по пет сезони минати во европското натпреварување покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите. Давидовски сезонава успеа да победи на трка од TCR Europe, а настапи и на две трки од FIA WTCR и во Саудиска Арабија на последната трка на сезоната го освои второто место.

Во интервју за 24ауто, најуспешниот македонски возач потврди дека и следната сезона ќе биде дел од Comtoyou Racing тимот. Амбициите на тимот е да се освои првенството.

„Се надевам ќе добијам шанса пак да бидам дел од WTCR. Мислам дека тимот е задоволен како возев на двете трки, без грешки. Мислам ќе добијам шанса да возам и в година“, вели Давидовски кој сезонава ја одбрани титулата во Diamond Cup во TCR Europe.

Прочитајте повеќе во интервјуто на Виктор Давидовски за www.24auto.mk.

ИНТЕРВЈУ СО ВИКТОР ДАВИДОВСКИ: СЕЗОНАВА МИ СЕ ОСТВАРИ СОНОТ

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK