ДАЛИ ТРЕБА ТАКА: Полицијата бара зимска опрема и на +12 степени

ОБЈАВЕНО НА:

Од 15 ноември стапи на сила задолжителното поседување на зимска опрема во автомобилите, што мора да ја имате со себе до 15 март следната година. Полицијата веќе ги контролира возилата без разлика на надворешната температура.

Многу читаели се пожалија дека контролите на полицијата, особено во градски услови на возење се дури и кога надворешнат атемпература е над 10 степени. Па така во текот на вчерашниот ден во Скопје имало контроли на повеќе места каде полициските службеници ги сопирале автомобилите и барале од возачите да им ја покажат зимската опрема.

Од денска се најавени пониски температури, па секако ќе треба да ја имате со нас. Но, дали е тоа навистина потребно и кога надворешните температури е над 10 степени и „пука сонце“? Според препораките зимски гуми треба да се има кога термпературата ќе биде под 7 степени, а учесниците во сообраќајот треба да бидат свесни дека имањето на зимска опрема секогаш е за нивно добро.

Зимска опрема секогаш треба да се има и да се бара во регион каде почесто има снег, пониски температури. Но, дали се тоа градовите и улиците по кои се движите постојано и има многу возила?

И се разбира за непочитување на оваа одлука можете да бидете казнети. Според Законот, мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде на оној што нема да ја почитуваа ова одлука

И покрај одлуката на полицијата и на „сонце“ да бара зимска опрема подобро е да ја имате во возилото, за да не плаќате казна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK