Романскиот производител Dacia во својата фабрика во Миовени го одбележа јубилејот на половина милион произведени примероци од втората генерација на моделот Duster.
Јубилејниот примерок,, како што соопштуваат од Dacia, е во Rouge Fusion боја, а под хаубата располага со 1,3 литарски турбо-бензински мотор со 150 КС. Истиот веќе е испорачан на купувачот во Франција.
Производството на втората генерација започна во 2017 година откако претходно, во периодот од 2010 до 2017 година се произведуваше првата генерација. Ова значи дека за само две години, Dacia успеа да го постигне ова рекордно за нив производство.
Фабриката во Миовени (Романија) располага со дневен капацитет од 1.400 возила, а на дневно ниво, околу илјада примероци кои се произведуваат се од моделот Duster.