Да се намали загадувањето: Пекинг ќе има само електрични такси возила

ОБЈАВЕНО НА:

Во борба против загадувањето на воздухот градот Пекинг размислува да ги смени сите такси возила од сегашните мотори со внатрешно согорување на електрични.

Ова е целта од драфт верзијата на програмата за контрола на загадувањето на Пекинг, но и градовите Тијањин и Хебеи и околните населени места. Овој потег може да чини околу 1,3 милијарди долари пишува весникот Национал Бизнис Дејли.

Постојат околу 70.000 такси возила со мотори со внатрено согорување, и според планот покрај замената на сегашните возила со електрични, исто така сите идни возила за такси превоз мораат да бидат електрични.

Засега нема информација кога и дали оваа драфт верзија ќе стане закон, од градовите ќе се бара и големо вложување во смена на инфраструктурата за подршка на 70.000 електрични возила на улиците. Во информацијата се вели дека Пекинг во 2014 година вклучиле 200 електрични возила во својата флота, а некои возачи морале да чекаат и по шест часа на станиците за полење.

Според некои податоци околу 1,6 милиони луѓе годишни умираат во Кина поради загадувањето на воздухот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK