Паролата “Брзината нема лимит” засега со право може да ја користи само Bugatti. Тоа е така благодарение на моделот Chiron Super Sport 300+ кој постигна рекордна брзина од 490 км/ч.
Овој рекорд го постави концептниот автомобил, но сега францускиот производител објави фотографија со што го најави серискиот модел.
Според достапните технички акрактеристики, овој автомобил ќе располага со 8.0 литарски W16 мотор со четири турбо полначи кои развиваат 1.600 КС. Споредбено со концептниот модел во кој има едно седиште, продукциската верзија ќе располага со две верзии, а максималната брзина ќе изнесува точно 482,8 км/ч.
Засега е потврдено дека ќе бидат произведени вкупно 30 примероци од овој модел, а почетната цена ќе изнесува околу 3,5 милиони евра.