Болид на Хамилтон продаден за 4,8 милиони фунти

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешниот болид на Луис Хамилтон кој Британецот го возеше на големата награда на Турција во 2010 година, на која и триумфираше е продаден за 4,8 милиони фунти.

Овој автомобил беше продаден на аукција организирана од познатата компанија за организирање на аукции RM Sotheby’s. Неверојатно, но аукцијата се одржа на патеката во Силверстоун, пред 140.000 фанови, а болидот на оваа патека го возеше тест возачот на McLaren, Роб Гарофел.

Со оваа аукција, овој болид опремен McLaren MP4-25A стана втор болид во историјата според вредноста која ја достигна на аукцијата. На пиедесталот се уште е болидот на Шумахер од 2001 година кој во 2017 година беше продаден за 5,4 милиони фунти.

Инаку ова е првиот воопшто болид кој го возел Хамилтон, а кој е продаден.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK