BMW со рекордна продажба

ОБЈАВЕНО НА:

Овој март акционерите и раководството на BMW долго ќе го паметат. Причината за тоа е рекордната продажба која брендовите BMW, Mini и Rolls-Royce заедно ја остварија.

Според официјалните податоци потврдени и од страна на германскиот производител, во март годинава трите бренда заедно оствариле продажба од 263.318 автомобили што претставува пораст од 2,8% во споредба со истиот период минатата година.

При тоа брендот BMW оствари подобрување на продажбата за 3,7% при тоа продавајќи 221.631 автомобил во март месец годинава што од почетокот на годината до крајот на март изнесува 519.307. BMW всушност има најголемо учество во вкупната продажба, а најголем раст имаат моделите од X семејството и тоа дури 16,2%.

Брендот Mini забележа намалување од 2,3% во март годинава продавајќи при тоа 41.175 нови автомобили односно 84.820 вкупно за првите три месеци годинава. Раст од 49,4% забележа Rolls-Royce кој во првиот квартал годинава успеа да продаде 1.206 нови автомобили.

Продажбата се очекува уште повеќе да расте наредниот период особено поради фактот што баварскиот производител веќе најави дека до крајот на следната година ќе лансираат дури 10 нови електрифицирани модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK