BMW со новина: Исти цени за сите нови возила каде било во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Баварската марка има намера да се префрли на шема за директна продажба каде што купувачите ќе склучуваат договор со производителот на автомобили наместо со дилер, што ќе им овозможи да одредат фиксна цена за автомобилот.

Улогата на дилерите ќе биде ограничена само на издавање на автомобилите и нивно одржување. Крајниот рок за проектот е 2026 година, но првиот моделот што ќе се продава на овој начин е MINI – веќе во 2024 година.

Шефот за маркетинг на марката, Питер Нот, зборува за новиот продажен модел на BMW. Врвниот менаџер ја нарече директната продажба механизам кој „ќе биде од корист за сите страни вклучени во процесот на купување на нов автомобил“.

Нот вети дека дилерите ќе добијат фиксна провизија за секој продаден автомобил. Големината на провизијата во BMW не беше откриена, но новинарите потсетуваат дека на дилерите на Mercedes-Benz им била понудена провизија од 6 – 6,5 проценти.

Европските дилери на MINI ќе почнат да се префрлаат на шема за директна продажба од 1 јануари 2024 година. Сепак, тоа нема да се случи насекаде во светот. На пример, во САД ќе остане стариот систем, во кој има простор за дилерски „доплати“.

BMW се оддалечува од комбинираниот продажен систем каде електричните автомобили се продаваат директно, а моделите сп мотори со внатреѓно согорување преку дилер.

Крајната цел на механизмот за директна продажба се исти понуди и исти цени низ целиот свет. Покрај тоа, BMW има намера директно да продава автомобили со мала километража стари помалку од една и пол година. Според класичната шема, дилерите ќе продолжат да ги продаваат преостанатите користени автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK