BMW со критики до германската влада и ЕУ

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на автомобили BMW остро ја критикуваше германската влада и Европската унија со необичен потег, пред шефот на производството на BMW да ги претстави плановите на компанијата.

Членот на одборот Милан Недељковиќ во четвртокот во Парсдорф, во близина на Минхен, рече дека деловниот свет „се повеќе се соочува со краткорочни законски промени и растечка бирократија“, која ги кочи инвестициите.

Во однос на инфраструктурата, Германија заостанува на меѓународно ниво, рече тој. Несигурните сообраќајни правци, високите трошоци за енергија, како и несоодветната мрежна покриеност не се прифатливи за модерна индустриска локација“, додаде Недељковиќ.

Германија и Европа мора да се погрижат да не заостанат како индустриски центар во конкуренција со другите економски региони, повика шефот на производството.

За две години, BMW планира на пазарот да претстави целосно нова генерација електрични автомобили со 30% подолг досег и брзина на полнење. Недељковиќ го отвори производството на потребните батериски ќелии во новата пилот фабрика во Парсдорф вредна 170 милиони евра.

Фабриката може да произведува еден милион ќелии годишно, кои се очекува да се користат во моделите од „Нова класа“ од 2025 година.

Компанијата изјави дека нејзината долгорочна цел е целосно рециклирана батерија, што е економски неопходно со оглед на скапите суровини. BMW веќе ги произведе првите батерии од 100% рециклиран катоден материјал.

Првите модели од новата класа треба да се произведуваат во главната фабрика во Минхен и во источниот унгарски град Дебрецен.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK