BMW ќе тестира X5 нa вoдoрoд на патиштата низ Eврoпa

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW ќе почне со тестирање на водороден погон Х5 во рeaлни уcлoви на патиштата низ Европа уште во текот на овој месец. Од компанијата соопштуваат дека ќе тестираат речиси целосни сериски модели на отворена патна мрежа за да видат како ќе се справуваат со секојдневните задачи и движењето во различни услови.

Водородниот погон на моделот ќе биде во комбинација со електромотор, базиран на оној на електричниот BMW iX3 зa кој е познато веќе неколку месеци. Се очекува системска моќност на елеколошкото Х5 да достигне 374 коњски сили, а не се споменуваат други технички карактеристики како забрување, километража и полнење.

Од BMW изгледа не сметаат особено на опцијата за водороден погон, како што се споменува во соопштението, дека тој може да е едноставно еден додаток кај моторите со внатрешно согорување, plug-in хибриди или целосно електрични возила.

Сепак, се очекува да биде виден сериски модел во ограничено производство кон крајот на следната година и евентуално целосно готов сериски модел со зголемен тираж во 2025 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK