BMW и VW ќе добијат помали казни од страна на ЕУ

ОБЈАВЕНО НА:

BMW и Volkswagen сепак ќе добијат поблаги казни од страна на Европската Унија поради кршењето на антимонополските закони и прописи, пренесува Ројтерс повикувајќи се на неименувани извори од ЕУ.

Надзорниот орган за антимонопол отвори слуачај против BMW, Daimler, Volkswagen, Audi и Porsche поради технологијата за прочистување на издувни гасови. ЕУ во истрагата се фокусираше на SCR системите кои служат за редукција на зотните оксиди од издувните гасови на дизелските автомобили.

Обвинението се однесува на тоа дека овие производители пред неколку години постигнале таен договор за блогирање на воведувањето технологија за прочистување на издувните гасови па оттука истите ќе добијат и парични казни.

Од Антимонополската комисија не откриваат детали за истрагата ниту ги потврдуваат шпекулациите дек анамалените казни ќе бидат изречени пред почетокот на летото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK