Азербејџан донесе драма: Перез победи – Ферстапен и Хамилтон испаднаа (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Хамилтон тргна кон победа - па го утна свиокот и остана без бодови на две трки пред крај

Серхио Перез е сензационален победник на трката за ГН на Азербејџан, откако успеа првпат во кариерата за триумфира на Гран при трка. Успеа да го задржи местото, иако трката имаше повторен рестарт на три круга пред крај.

И само што тргна болидите во последната пресметка, Луис Хамилтон почна на престигнува, но на свиокото не успшеа да закочи и отиде надвор а Перез продолжи да го предводи караванот и да остане на тоа место до самот крај.

 

На подиумот покрај Перез се искачија и Себастијан Фетел и Пјер Гасли. Во бодови завршија и Лекрелк, Норис, Алонсо, Цунода, Саинц, Рикардо и Раиконен

Момент кога Хамилтон го утна свиокот

Тимот на Red Bull ќе сака што побрзо да го заборави викедот во Азербејџан бидејќи можеа да слават „еден-два“ победа, но на пет круга пред крај сонот беше прекинат. Макс Ферстапен имаше сигурно водство, пред клупскиот колега Серхио Перез и светскиот првак Луиs Хамилтон. И наместо да почне подготвката за победата тој се изврте и удри во заштитната ограда.

Ферстапен на пет круга пред крај на трката имаше инцидент и пукната гума

Причината за инцидентот беше пукната гума на болидот, слично како што тоа му се случи на Ленс Строл претходно на трката. Гумите на Pirreli имаа проблем да го издржат притисокот, па FIA реши привремено да ја прекине трката за да реши што понатаму.

Хамилтон уште по првите кругови на трката го презема лидерското место иако стартуваше од втората позиција, го мина Шарл Лекрел од Ferrari. Но, откако влезе во бокс на замена на гумите механичарите беа малку побавни од вообичаеното, овозможувајќи му на Ферстапен да биде пред него, па и на Перез. Се обидуваше светскиот првак да го стигне Перез, но болидот на Red Bull беше подобар не дозволувајќи му на Хамилтон да влезе во ДРС зоната за да може да добие и повеќе сила за престигнување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK