Автомобилот на поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед оди на продажба

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот Aston Martin DB7 кој бил во сопственост на поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, оди на продажба.

Станува збор за автомобил произведен 1998 година во златна боја. Располага со 3,2 литарски шест цилиндрен мотор, а при тоа има поминато само 96.560 км.

“Рој Кин го купи овој автомобил за да ја прослави тројната круна на Манчестер Јунајтед” изјави претставник на компанијата која го продава овој автомобил. При тоа продажната цена на овој автомобил изнесува 23.950 фунти односно 26.708 евра.

Автомобилите на фудбалерите, поранешни и сегашни, секогаш предизвикуваат внимание, пред се поради нивната моќност и уникатност. Се очекува за овој автомобил да има голем интерес, особено од страна на навивачите на “црвените ѓаволи”.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK