АУТОТО нуди „млади“, квалитетни и проверени половни возила

ОБЈАВЕНО НА:

„Сигурни возила - среќни возачи“ е мотото на Аутото, фирмата што е дел од Ми-Да Гранд Моторс, и нуди половни возила, каде може да купите и возило дури и по принципот „старо за старо“, да купите половно возило на лизинг, и да добиете гаранција од најмалку 6 месеци, а може и повеќе.

Покачувањето на цените на новите возила и недостигот од чипови доведе до продолжување на рокот на испорака на новите автомобили, па се почесто луѓето се решаваат наместо ново да купат половно возило. Сега на цена се добро сочувани возила, редовно сервисирани и секако од проверен продавач.
Во морето на автомобили донесени од странство, со сомнителна километража и „нашминкана“ внатрешност и одржување, купувачите стануваат пребирливи, па наместо од плацовите на отворено, сакаат автомобил со домашна сервисна книшка, со проверена состојба па дури по можност и со гаранција. А гаранција даваат само оние што се сигурни во она што го продаваат.

Во Македонија од почетокот на годинава се увезени над 26.000 половни возила, ама половината сигурно уште „лежат“ по плацевите и го чекаат својот нов стопан. За разлика од нив, многу импортери на нови автомобили веќе сериозно го работат и бизнисот со половни возила. Така им нудат на нивните клиенти избор, или нов автомобил, или половно ама проверено и квалитетно возило.

„Сигурни возила – среќни возачи“ е мотото на Аутото, фирмата што е дел од Ми-Да Гранд Моторс, и нуди половни возила, каде може да купите и возило дури и по принципот „старо за старо“, да купите половно возило на лизинг, и да добиете гаранција од најмалку 6 месеци, а може и повеќе.

„Луѓето многу често решаваат наместо нов автомобил, од различни причини да купат половно возило. Цените и на новите и половните возила се зголемени, но и покрај тоа клиентите сакаат не премногу возен автомобил, сигурен, безбеден и од проверен продавач. И тоа ние им го нудиме, вели Дритон Заири, генералниот директор на Ми-Да Гранд Моторс, кои во Македонија се застапници за возилата од програмата на Ford и Hyundai, како и на Аутото, кој е специјализиран за продажба на половни возила.

„Нашата групација е застапена во Србија, Црна Гора, Хрватска, Косови и БиХ, и секогаш правиме напори да имаме автомобили на лагер кои се квалитетни, проверени и безбедни. Тоа се возила кои се од 3 до 5 години стари, кои се двапати проверени и имаат релативно мала километража, од 50.000 до 120-130 илјади километри. Нашите возила се проверуваат кога се откупуваат од клиентите, а потоа и од нас повторно кога се дотеруваат и прегледуваат повторно пред да се појават на пазарот“.

СЕ БАРААТ ВОЗИЛА ОД Б И Ц СЕГМЕНТ ОД 5 ДО 15.000 ЕВРА
Кај купувањето на половно возило, влијаат повеќе фактори, а секако најмногу цената. Навиките на купувачите се во зависност од типот. А постојат неколку типови на купувачи.
„Постојат луѓе кои бараат убави и скапи, а се користени, и тие да бидат од премиум сегмент. Таквите се помалку. Повеќето од купувачите бараат семејни возила, од Б сегмент и Ц сегмент. Цената која се подготвени да ја платат е од 5 до 15.000 евра. И третите се поврзани со понежниот пол. Кога некој од семејството бара мало градско возило за сопругата, сестра, од типот на Fiesta, која би била сочувано и со помалку километри, да биде добро сервисирана и одржувана, објаснува Заири кој потенцира дека Аутото нуди „млади, а недоволно извозени возила“.

„Клиентите се решаваат за 2-3 години старо возило, не само поради цената туку и поради лизинг компаниите кои нудат можност да купат половни возила на отплата. Со падот на продажба на нови возила и падот на продажба на новите, и компаните нудат можност да купат возило на лизинг. Со помало учество, со помала месечна рата. И тоа им одговара на купувачите, вели Заири кој напоменува дека годишниот пазар на половни возила во Македонија е околу 15.000 автомобили.

„Порано повеќе се бараат дизелски мотори, а сега последниве две години повеќе од 80 отсто од продажбата е на бензински мотори, и само 20 отсто на дизел. Порано беше обратно“.

ОТКУП САМО ОД ПРОВЕРЕНИ КЛИЕНТИ – МОЖЕ И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЖЕЛБИ
Кај половните возила што се нудат преку огласи или авто пазарите, најголемиот дел се увезени од странство, од различни сопственици, па затоа и многу често има поплаки од оние што се „изгореле“ кога купиле возило со сомнителен квалитет.

„Нашите возила што се нудат се првенствено од домашни сопственици кои тука ги купиле, или од лагерот што го има нашата компанија Гранд Аутомотив на некој од пазарите во соседните земји. Во Хрватска постојано има лагер од 2-3 илјади користени возила, во Србија има меѓу илјада и илјада и петстотини возила.. Нашата мајка фирма има свои фирми и во Босна и Херцеговина, во Црна Гора, Косово и во Албанија. Тоа се исто така возила од тамошниот домашен пазар, од лизинг компании или флотни продажби, кои после 2-3 години се откупуваат и се нудат на заинтересираните. Затоа и можеме да понудиме квалитетно, проверено и безбедно возило. Најголемиот дел од возилата се од нашите брендови што ги застапуваме, но секако можеме да понудиме и возила според вашите барања.

Возило од соодветен бренд, боја, мотор..
„Може и такво нешто да направиме. Имаме доста клиенти што бараат специфично возило, такво возило, тој бренд. Нашата групација во сите соседни земји. има големо портфолија и лагери. И брзо и квалитетно може да се исполни желбата. Самиот факт што досега веќе за 40 отсто го надминавме планот на продадени половни возила кажува дека кај нас има и понуда и квалитет, дополнува Заири.

ГАРАНЦИЈА ОД 6 МЕСЕЦИ, А МОЖЕ И ПОДОЛГО..
Секое возило што излегува од Аутото има гаранција од 6 месеци на мотор и менувач. Тоа е потврда дека ќе добиете квалитетно возило. Од вас зависи потоа како ќе го користите. Редовното одржување и нормалното експлоатирање се витални за векот на користење на автомобилот.

Од Аутото подготвуваат новитет што веројатно никој не го нуди кај половните возила. „Со секое сервисирање на старо возило купено кај нас, може да добиете плус 6 месечна или 1 годишна гаранција како дополнување на онаа што веќе ја имате. На тој начин само потврдуваме дека вашето возило иако е половно, е квалитетно и сервисирано како што треба, па ќе ви биде задоволство да се возите во него“ вели Заири.

Освен што можете да си купите возило за кеш, во Аутото постои и можност за „старо за старо“, за “старо за ново“.
„Ние бевме првите што го почнавме овој принцип, и се уште го имаме во понудата. Почнавме со кампања во 2020 на клиентите им нудевме откуп на нивните возила. Услов беше тие возила да бидат купени во Македонија од македонски дилер и да бидат редовно сервисирани. Така може да оставите возило старо 5-6 години, и да си купите помлад автомобил со 2-3 годишна старост“, вели Заири.

„Купувачот секогаш бара километражата да биде во супер состојба. Ние од купувачот не бараме ништо повеќе, да биде раат, и само да доаѓа во овластениот сервис. Ние работиме и мултибренд во нашиот сервис, и тоа е потребно за да ја задржат гаранцијата“.

ВИСТИНАТА СЕКОГАШ НА ПРВО МЕСТО
Како овластен сервис за возилата од брендовите на Ford и на Hyundai, често на проверка доаѓаат и возила од продавачите и авто плацевите кои никнуваат како печурки. Најчесто се бара информација за километражата и дали истите возила имале некоја хаварија.

„Многу возила доаѓаат од странство и со сомнителни сервисни книшки. Ние како овластени сервиси имаме можност да ги провериме моделот доколку е купен и сервисиран во овластен сервис и во странство. Се бараат од нас детали за километражата и некои специфични детали. Ние не смеете да даваме лажни податоци и веднаш се покажува дали автомобилот што е донесен на проверка е со вистински податоци или не. Клиентите веќе научија дека се што е купено кај нас има гаранција и е квалитетно. Затоа и имаме се повеќе нови и задоволни клиенти, вели Заири.

И се разбира како доказ за квалитетот, Аутото дава и 12 месечна помош на пат, на територијата на Македонија ако купите половно возило кај нив. Деталите некогаш покажуваат многу, а сигурноста о квалитетот е секогаш на прво место.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK