Иако до рели трката Дакар 2022 останува повеќе од пола година од Audi веќе открија нови детали за својата иницијатива на ова натпреварување. Овој пат новоста е поврзана со тимовите пилот/навигатор, кои ќе се најдат во првите електрифицирани тркачки автомобили од брендот, кои ќе се борат за победа на легендарното натпреварување на автомобили.
Во моментов од Аudi Sport GmbH се обложуваат на три тркачки автомобили, во кои ќе се најдат тандеми во кои се легендарни возачи: Карлос Сајнц/Лукаш Круз и Стефан Петерхансел/Едуард Буланже, како и Матијас Екстром со навигаторот Емил Бергквист и се очекува да го почнат Дакар релито во најавените дати од 2 до 14 јануари следната година.
„Не е преувеличување, како што се зборува за ѕвездениот тим. Стефан е пилотот со најголеми успеси на Дакар за сите времиња. Карлос е многукратен победник на Дакар и во Светскиот рели шампионат. Со Матијас ние веќе прославивме многу успеси за Audi во минатото. Тој е еден од најунивералните пилоти“, коментира Јулиус Зебах, ивршен директор на Audi Sport GmbH и одговорен за тркачките активности.
Во моментов од компанијата не споделуваат многу детали за својата нова тркачка иницијатива, која го заменува учеството на брендот во електричната Формула 1- Formula E, коментирајќи дека брендот ќе се врати во релито Дакар со иновациски хибдиден прототип со електричен погон и помошно полнење на батеријата TFSI мотор со внатрешно согорување.