Иако оваа година претстави девет нови и рестилизирани модели, германскиот производител Audi во наредната година ќе претстави дури 11 нови и рестилизирани постоечки модели.
Согласно стратегијата за работа за следната година, производителот од Инглоштад следната година ќе ги претстави целосно новите A1 Sportback, Q3, A6 Avant, Q8 како и e-tron како и спортската изведба на Q2 и рестилизираниот TT.
Се ќе започне со Sportback изведбата на А3 која ќе биде претставна како конкуренција на новата А класа на Mercedes. Се базира на MQB платформата, а во однос на моторите истите ќе бидат со од 150 до 230 КС. На почетокот на следната година, Audi ќе ги претстави и рестилизираните изведби на постоечките модели, А4 и Q7 чије освежување ќе има за задача да ги одржи овие модели во чекор со конкуренцијата. При тоа овие модели ќе дојдат и со хибриден погон.
Од друга страна, постоечките A6 и A7 модели ќе добијат S и RS изведби со што значително ќе добијат на моќност. Секако, централно место ќе заземе целосно електричниот автомобил e-tron Sportback замислен како електрична алтернатива на електричниот Q8.
Со реазлиацијата на оваа стратегија Audi ќе се обиде значително да ја ублажи загубата која произлезе од WLTP правилникот, а истовремено да остане во чекор со останатите германски конкуренти BMW и Mercedes.