Aston Martin ви е скап? Купете си велосипед – ограничена серија за 15.777 фунти

ОБЈАВЕНО НА:

Aston Martin најави дека во соработка со производителот на велосипеди Storck, пушта во продажба лимитирана серија на патни велосипеди. Во неа ќе бидат вклучени само 107 примероци на Fascenario.3 Aston Martin Edition. При креирањето на рамката и вилушката на велосипедот се користи најновите достигнувања во областа на користењето на јаглеродни влакна и аеродинамиката.

Fascenario.3 Aston Martin Edition тежи само 5,9 килограми, а само рамката тежи 770 грама, но во исто време конструкцијата е доволно цврста за да одговори на потребните стандарди и барања.

Секој велосипедите е опремен со систем за безжично префрлување на брзините SRAM, Менувањето се спроведува со интегрирани лостови во рачките на сопирачките. БојатаArgentum Nero пак е дело на специјализираниот оддел за доработка на автомобилите Aston Martin – Q by Aston Martin

Според неофицијални информации, цената на Fascenario.3 Aston Martin Edition е 15 777 фунти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK