Извршниот директор на компанијата тврди дека достапните и сигурни возила со мотори на внатрешно согорување се приоритет за американските купувачи...
Mazda доцни на забавата за електрификација. Така crossover моделот MX-30 е далеку од успехот што јапонскиот производител на автомобили се надеваше дека ќе биде. Тој беше отстранет од понудата во САД на крајот на моделска 2023 година поради слабата продажба. Верзијата за проширување на опсегот со ротационен мотор се нуди само на одредени пазари, а САД не се на списокот. Дополнително, тука не доаѓа ниту електричниот седан EZ-6. Сепак, ситуацијата не е толку лоша.
Зошто? Затоа што Американците првенствено сакаат автомобили на бензин. Говорејќи за Automotive News, извршниот директор на Mazda, Масахиро Моро, рече дека ICE (моторите со внатрешно согорување) имаат долга иднина во Америка. Дури и на крајот на деценијата, традиционалните бензински автомобили и благите хибридни модели ќе сочинуваат околу две третини од годишната продажба. Plug-in хибридите и електричните возила ќе ја претставуваат преостанатата трета. Со други зборови, повеќето возила и по пет години ќе имаат бензински мотор.
„Клиентите бараат прифатливи решенија наместо електрифицирани решенија. Тие бараат подобра вредност. Тие сè уште бараат сигурен мотор со внатрешно согорување. Но, ние ќе бидеме способни да направиме сè за некоја верзија на електрифициран погон, вклучително и благ (mild) – хибрид. Гледајќи ги клиентите во САД, тие бараат подобри, сигурни мотори “.
Овој став на шефот на Mazda пред се, се однесува на почетните модели, особено на 3 и CX-30. Моро верува дека растот на ЕV во САД се забави во последните 18 месеци, додавајќи дека трендот најверојатно ќе продолжи во догледна иднина. Тоа ѝ купува на компанијата повеќе време за да развие литиум-јонска батерија целосно во самата куќа. Целта е да ja имаме подготвено за 2030 година во plug-in хибриди и чисто електрични автомобили. Очекувајте многу поголема густина на енергија и „многу кратко “- време на полнење.
Интересно е тоа што инженерите веќе имаат „многу напредна истражувачка база за цврсти батерии “.
Во меѓувреме се работи на бензински мотор со два ротори кој ќе служи како генератор. Ќе биде помоќен од поставувањето со еден ротор што го користи MX-30 e-Skyactiv R-EV, што го споменавме претходно.
Дополнително, Mazda дизајнира целосно нов бензински мотор, наречен Skyactiv-Z. Ќе се користи во сериски автомобили почнувајќи од 2027 година кога постепено ќе ги замени погонските единици Skyactiv-G и Skyactiv-X.
Моро тврди дека тоа ќе биде „крајниот “-мотор, додавајќи дека ќе ги усвои регулативите за емисии дури и во следната деценија. Извршниот директор сугерира дека Skyactiv-Z ќе биде природно аспириран, а сепак нема да ја изгуби моќта за исполнување на построгите закони. Како освежување, Mazda одржа заедничка конференција со Toyota и Subaru претходно оваа година, ветувајќи долгорочна посветеност на бензинските мотори и инвестиции во јаглеродно неутрални горива.
На глобално ниво, компанијата што го лансира слоганот „Zoom-Zoom “-проценува дека нејзините електрични возила ќе сочинуваат само 25-40% од вкупните испораки до крајот на деценијата.
Целосното лансирање на ЕV нема да започне порано од 2028 година, но некои модели со нулта емисија доаѓаат порано. Произведен во Кина, седанот со погон на задните тркала EZ-6 најверојатно ќе дојде во Европа веќе следната 2025 година.
Во меѓувреме, Mazda работи одлично на пазарите во Северна Америка каде што е на пат да испорача 600.000 возила до крајот на оваа веќе на заминување 2024 година.
Според Моро, 2024 година ќе биде најдобрата година досега во САД, со продадени дури 420.000 автомобили, што идеално ќе се зголеми на 450.000 автомобили во 2025 година, барем според тоа што го тврди шефот на Mazda- Моро.

Следете не и на:

