Во следните пет години BMW планира да направи и понуди на пазарот над 25 возила, некои сосема нови а некои подобрени и освежени. Според германскиот магазин Ауто Мотор унд Спорт најмалку 28 модели ќе се појават, а првиот во таа низа е новата серија 5 што ќе биде претставена на саемот во Женева на почетокот на март годинава.
Според планот што сега постои токму 2017 година ќе биде најплодна со 16 модели, некои нови, некои со направен фејслифтинг. Наскоро по дебито на серија 5 треба да дојде и замената на BMW 5 series GT и тоа со срија 6 GT што треба да ја има технологијата од последната генерација на серија 5. Новата серија 6 GT ќе биде околу 100 кг. полесна од актуелниот модел и ќе се нуди си 4, 6 и 8 цилиндрични мотори со сила од 190 до 465 КС.
Годинава ќе дебитира и BMW 2 и на почетокот ќе се нуди со истите бензински и дизелски мотори што ги има во X1. Следната генерација на X3 ќе се задржи уште малку годинава, и ќе биде првиот СУВ на компанијата што ќе ја користи CLAR платформата.
Годината ќе продолжи со нова М5 и М2 GTS што треба да се појават во вториот дел од годинава. Веќе се знае дека М5 ќе профитира од погонот на сите тркала и ќе има 4,4 литарски твин турбо V8 што ќе испорачува 600 КС. Oд друга страна M2 GTS ќе добие и турбо дизел со 3 литри што треба да има 400 КС.
Листа на сите модели што треба да се појават следните години
BMW 5 Series – февруари 2017
BMW 5 Series Touring – лето 2017
BMW i3 – лето 2017
BMW 5 Series M Performance – лето 2017
BMW 6 Series Facelift – пролет 2017
BMW 4 Series Facelift – март 2017
BMW 2 Series Coupé – јули 2017
BMW 2 Series Convertible – јули 2017
BMW 6 Series GT – 2017
BMW X2 – крај на 2017
BMW X3 – крај на 2017
BMW X7 – 2017
BMW M5 – 2017
BMW M2 GTS – 2017
BMW M2 Facelift – 2017
BMW Z5 – 2017
BMW X3M – почеток на 2018
BMW i8 Spyder – 2018
BMW X1 L – 2018
BMW M4 GT4 – 2018
BMW X4 – 2018
BMW 8 Series Coupé – крај на 2018
BMW 3 Series – 2018
BMW X5 – 2018
BMW 1 Series – 2019
BMW iNext – 2019
BMW 8 Series Convertible – крај на 2019
BMW i5 – 2021