Alfa Romeo собра три награди на Auto Bild

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе од 60 илјади читатели на најпопуларниот и највлијателниот германски магазин AutoBild ги доделија традиционалните награди. При тоа, италијанскиот бренд Alfa Romeo со три модели во понудата доби исто толку награди.

Читателите ги оценија моделите Giulietta, Giulia и Stelvio во однос на стилот и дизајнот. Во категоријата на компактни автомобили награда доби моделот Giulietta чие проиводство заврши минатата година.

Alfa Romeo Giulia беше избран за најдобар автомобил во средната класа на возила, додека во категоријата на средни SUV возила првата позиција ја освои Alfa Romeo Stelvio. Со ова, овие два модели ја остварија петтата позиција по ред во рамките на студијата на AutoBild за купување на возила.

Со ова продолжува доминацијата на моделите на Alfa Romeo. Претходно истите добија и бројни награди и признанија и од AUTO, MOTOR UND SPORT, Auto Zeitung, Red Dot, Compasso d’Oro…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK