Ако сакате електромобил ќе се изначекате

ОБЈАВЕНО НА:

Производителитe на автомобили од Германија имаат големи проблеми со роковите за доставувње на електричните автомобили. Според анализата на експертите идните клиенти треба да чекаат до една година за новиот германски електромобил.

Како што покажа прегледот на времето за доставување, тоа е најдолго во VW Group. Стартот на ID.3 беше одложен и сега е најавен за почетокот на септември. E-Golf веќе не може да биде порачуван, како и E верзиите на Skoda Citigo и Seat Mii. Tие треба да се справат без батерии во прилог на VW E-Up.

И покрај тоа, рокот за доставување на овој миниелектроавтомобил од Волфсбург се зголемил од шест на 11 месеци. Слична е и ситуацијата и кај Opel, а роковите за доставувње на Corsa-E се продолжени од седум на девет месеци.

Mercedes A250e, Smart Fortwo EQ и Forfour EQ во моментов не можат да бидат порачани од Daimler. Фабриката за батерии во Кеменц работи во две смени, но производството на автомобили уште не е стартувано целосно после коронакризата.

Роковите за доставувње на електромобили од Audi и BMW се стабилни и дури и се намалуваат. Клиентите сè уште го чекаат e-tron околу петр месеци, за BMW i3 чекањето веќе е само до три месеци место пет. Филијалата на BMW Mini сè уште има потреба од седум месеци, за да ја достави електричната верзија на Mini.

Hyundai Kona и Ioniq Elektro се меѓу исклучоците. Тие одбележуваат на плус поени со мини закуп за плаќање, почнувајќи од 99 евра на месец или со еколошки бонус до 11.000 евра и како важен дополнителен аргумент со непосреда достапност на мало – „предност на клиентот, која тешко може да ја понуди друг производител на автомобили“, вели нивниот германски увозник.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK