Мајстор за чудни возила: Направил автомобил со шест мотори од Ford

ОБЈАВЕНО НА:

Авторот на чудни автомобили, Џорџ Барис, кој го направи првиот Batmobile во 1966 година направи нов чуден автомобил кој во себе содржи не еден или два туку дури шест мотори Ford V-8. Се работи за Snake Pit кој беше создаден во 1975 година, а автомобилот во моментов се продава после десет години на тронот во колекцијата. Возилото било создадено за да се надмине рекордот на брзина и тоа да биде над границите коишто можат да се замислат.

Цената на овој автомобил во 70-тите години на минатиот век била 100.000 долари, а кога ќе се земе предвид инфлацијата денес чини точно 500.000 долари.

Сепак, со оглед на тоа што се работи за уникат се очекува преговорите сао купувачот да стартуваат со 750.000 долари така што ќе треба да биде дадено вистинско богатство за да се добие возилото коешто со помошта на шесте мотори достига дури 2000 коски сили.

Објавената брзина за овој автомобил е 490 километри на час, но истата не е докажана на автопат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK