BMW X5 и Porsche Cayenne добија конкуренција во новиот СУВ од Alfa Romeo

ОБЈАВЕНО НА:

Прочуената спортска марка од Италија, Alfa Romeo се подготвува за производство на нов голем кросовер, а истиот би требало да се појави на пазарот најдоцна до 2020 година. Иако оваа информација се држела во тајност, сепак, после дознавањето дошло и до потврда од страна на техничкиот директор на компанијата, Роберто Фидели. Тој потврдил дека новиот кросовер ќе биде и најголемиот во историјата на Quore Sportivo.

Според дименциите автомобилот ќе биде значително од Alfa Romeo Stelvio, а ќе биде и потежок и тоа за цели 200 килограми. И покрај тоа и двата СУВ модели ќе користат иста архитектура на платформата.

Новата Alfa Romeo ќе биде конкурент на пазарот за BMW X5, Mercedes-Benz GLE и Porsche Cayenne. Основната верзија ќе биде со 2.0 литров бензинец со турбомотор, кој ќе биде дополнет со „мек“ хибриден систем од 48 волти. Моќноста ќе биде од 350 до 400 коњски сили.

Сепак, има информации кои велат дека ќе има верзија и со 2,9 литров V6 со двојно турбо и моќност од 510 коњски сили како при топ-варијантата на Alfa Romeo Stelvio – Quadrifoglio.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK