Главниот град на Кина, Пекинг веќе има 22 линии во метрото кои се со вкупна должина од 608 километри, но го имаат и првиот воз без машиновозач. Со оваа вест беше почната 2018 година откако во последниот викенд од минатата година беше направена промоција на три нови линии во метрото и на првиот „беспилотен“ воз.
Линијата на која сообраќа автоматскиот возот е долга 14,4 километри, а има вкупно 9 станици. Ги поврзува реоните Јаншан и Фаншан, а дневно на оваа релација се превезуваат околу 70.000 патници.
Овие возови коишто немаат машиновозач можат да развиваат 80 километри на час. И покрај тоа што се движат сами ќе имаат контролор кој ќе биде постојно на позиција и ќе биде подготвен за интервенција во случај да има некаква хаварија.