Возилата од историјата на баварската „петка“ што почнува да се произведува во 1985 година, па досега се најдоа во видео кое трае 4,5 минути, а во него се и многу други интересни факти поврзани со овие возила од BMW.
За М5 е врзана и друга ситуација која не оди во прилог на компанијата. Во 1991 година сопствениците од САД на возилата М5Е28 поведуваат дело против BMW of North America. Причината е во тоа што пет години порано од BMW најавуваат дека моделот ќе биде произведен во ограничена серија од 500 примероци. Сепак, поради добрата продажба на возилото производството е зголемено и бројката е зголемена на 1200 возила.
Според Американците тоа било причина за намалување на колекционерската вредност на колата и ги оштетило. Затоа проблемот беше решен на друг начин односно секој сопственик на М5 добил сертификат со кој при следното купување на ново возило од BMW добива 4000 долари попуст.