Возите пребрзо – ќе ви го одземат возилото!

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто за надминување на дозволената брзина се плаќа казна, но некои власти размислуваат и за порадикални мерки. Така би требало да ма подисциплинирани возачи, или во голема мера да се намалат сообраќајните прекршоци.

Француските власти најавија нови казени мерки за возачите кои ги нарушуваат правилата за дозволена брзина на движење по патиштата.
Отсега возач кој ќе биде фатен да управува возило со над 50 километри на час од дозволената брзина ќе биде отстранет од превозното средство на самото место.

Минатата година во Франција над 19.000 возачи биле казнети за возење со брзина над дозволените 50 километри на час

Најновата мерка – одземање на возилото, ќе се применува кон Французи и кон странци, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Тие што нема да го почитуваат новото правило ќе треба да платат и дополнителна парична казна во износ од 1.500 евра за престој на возилото на казнен паркинг простор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK