Пред крајот на минатата година Volkswagen одлучи да се повлече од натпреварувањето World Rally Championship. Тоа беше големо изненадување за сите, па за помалку од една година дојде до премислување и германскиот производител на автомобили го објавува своето враќање на сцената, но со нешто сосема ново.
Место да изврши редизајн на веќе постоечката линија и да креира нов Polo R WRC модел, понуден е сосема нов Polo GTI R5, кој е креиран од страна на истите луѓе како и моделот од претходната верзија.
Засега не се објавени целосните информации, па не е позната спецификацијата на овој модел, но R5 на новиот Polo GTI е со турбо четирицилиндричен мотор кој поседува директно вбризгување и има 260 коњски сили. Истите ги распоредува правилно на сите четири тркала по пат на петостепен секвенцијален менувач.
„Со Polo GTI R5 се надеваме на трансфер во нашата експертиза стекната со четири WRC титули и нејзиното претставување во целосен тркачки успех. На нашите клиенти можеме да им понудиме тркачка машина за бесконечни рели шампионати, некои национални серии, како и за WRC категоријата“, вели директорот на Volkswagen Motorsport, Свен Смитс.
Пред стартот на првата трка следната сезона новиот Polo GTI R5 ќе биде подложен на ригорозни тестови бидејќи од фабриката да знаат колку е подготвен за екстремните услови на рели патеките.