Велика Британија воведува поголем данок за дизел возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Канцеларот на Велика Британија, Филип Хемонд донесе одлука за зголемување на даноците на дизел автомобилите со цел преориентирање на возачите кон помалку загадувачките алтернативи. Тој смета дека зголемувањето на данокот е најдобрата опција за намалување на возилата на дизел мотори, а со тоа и намалување на загадувањето на воздухот.

Новиот даночен план треба да биде објавен следната среда, а се очекува уште поголем пад на продажбата на дизел возилата. Иако уште не е познато каква ќе биде формата на новиот данок веќе има драстичен пад на продажбата.
Побарувачката на дизел возилата е падната за речиси 15 проценти до октомври, а причината е најмногу во недовербата.
Одлуката е донесена откако Лондон наметна дополнителен надоместок од десет фунти за бензинските и дизел возилата во центарот на градот, а се вршат консултации дали истата мерка да се прошири и во дргите области од главниот град.

Од друга страна производителите на автомобилите тврдат дека нивните понови дизел мотори се далеку почисти отколку порано, па дури и дека се на исто ниво како со бензиските во погледи на емисијата на штетни гасови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK