Компанијата анализирала 500 градови низ целиот свет и ги рангираше во 18 категории како јавен превоз, чиста енергија, отпад, едукација, технолошки стартап екосистем, број на Wi-Fi точки за дигитален пристап до административните услуги и заштита на животната средина. Нема ниту еден македонски град, а од опружувањето на листата се Софија и Атина.
При правењето на било каква анализа за тоа како треба да изгледа градот на иднината, веќе не е најважно да се им абрз интернет. Идејата за „умен град“ сега поразбира многу други детали што се важни за секојдневието на луѓето.
Станува збор за воведување системи кои го следат сообраќајот, нивоата на загадување, користењето на енергијата, а целта на локалните власти е преку нив да ги направат градовите побезбедни, поздрави и поефикасни.
Дефиницијата за интелигентен градот се прошири, и денес тоа се одразува на работи како еколошката одржливост, достапноста и сигурноста на транзитното минување, пристапот до образованието и можностите на локалната економија да соработува со бизниси во областа на новите технологии.
Потрагата за претворање на нашите градови во “паметни” значи и задоволување на загриженоста околу заштитата на приватноста на граѓаните во чиишто животи технологијата станува сè подлабока и подлабока.
Индексот Smart Cities 2017 ги рангираше 100-те најподготвени градови за иднината. Рангирањето беше направено од EasyPark Group, компанијата за стартување, следејќи ги податоците за урбаните паркиралишта.
Тие откриле дека градот на иднината мора да биде првенствено дигитализиран – со 4G и повеќе бесплатни точки за пристап на Wi-Fi. “Транспортот и мобилноста мора да бидат базирани на знаење и да користат интелигентни системи за паркирање, сензори за движење и заеднички транспортни апликации”, се вели во извештајот на организацијата. “Паметниот” град исто така е одржлив и се фокусира посебно на проекти за чиста енергија и за животна средина, а граѓанското учество е големо.
Компанијата анализирала 500 градови низ целиот свет и ги рангираше во 18 категории како јавен превоз, чиста енергија, отпад, едукација, технолошки стартап екосистем, број на Wi-Fi точки за дигитален пристап до административните услуги и заштита на животната средина.
Тимот исто така консултираше повеќе од 20.000 новинари кои се занимаваат со технологија и урбанистичко планирање за нивните ставови за тоа како нивните градови се вклопуваат во овие показатели.
Еве како изгледа Top-10:
10. Мелбурн, Австралија
9. Женева, Швајцарија
8. Амстердам, Холандија
7. Сан Франциско, САД
6. Токио, Јапонија
5. Бостон, САД
4. Цирих, Швајцарија
3. Стокхолм, Шведска
2. Сингапур, Сингапур
1. Копенхаген, Данска