Alfa Romeo ќе го претстави најскапиот суперавтомобил на крајот на август

ОБЈАВЕНО НА:

Alfa Romeo навести деби на многу интересен автомобил кој долго време го чува во тајност. За време на премиерата на новите Giulia и Stelvio во Кина, извршниот директор на компанијата ја искористи сцената за официјално да го објави дебито на суперавтомобилот. Шефот на Италијанците изјави дека на 30 август годинава ќе го видиме мистериозниот автомобил за кој податоците се уште се оскудни.

Со причина, шефот на Алфа е искрено возбуден за мистериозниот автомобил: „Овој проект е остварување на сонот, инспириран од храбар тим кој сакаше да постигне нешто уникатно“.

Најавата беше придружена и со првичниот преглед од почетокот на годината, кога ги видовме познатите кружни задни светла. Што се однесува до тоа зошто 30 август е избран за „светска премиера на иконски болид“, можеби тоа има врска со ГН на Италија во Формула 1 во 2023 година, која ќе се одржи на патеката Монца.

Опишан како „иконичен, супер-секси и препознатлив“ од Imparato, 6C најверојатно ќе има ограничено производство. Пред него, 8C беше ограничен на само 500 единици за купето и уште 329 единици за Spider.

Логиката кажува дека ова ќе биде најскапиот нов Alfa Romeo во историјата и веројатно ќе го привлече вниманието на колекционерите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK