Словенија воведува вештачка интелигенција на патиштата – а тоа значи..

ОБЈАВЕНО НА:

Ако внесете одредена дестинација во навигацијата, таа автоматски ќе ви покаже информации за тоа колку долго ќе возите и каде има гужви, заедно со упатствата за рутата. Но, замислете дека планирате одмор за еден месец и апликацијата однапред ви кажува кој ден, во кое време и каде можете да очекувате гужви? Ова наскоро би можело да стане реалност бидејќи ДАРС (Словенечката автопат агенција) веќе го тестира „Андреја 2“, односно системот за вештачка интелигенција.

Станува збор за вештачка интелигенција именувана по Андреја, еден од вработените во ДАРС, кој заедно со тимот обработува големи количини на податоци и се обидува што попрецизно да предвиди кога и каде има најголема гужва на словенечките патишта, пишува N1 Словенија.

„Баравме можности за подобрување таму каде што традиционалните алгоритми не успеваат и повеќе не можат да им помогнат на луѓето“, објасни шефот на сообраќајниот информативен центар Бране Настран.

„Се фокусиравме на прогнозите за сообраќајот, бидејќи секоја прогноза всушност гледа во кристална топка и никогаш нема да биде 100 проценти веродостојна. Сепак, точноста на предвидувањата може да се зголеми ако некое лице користи програми за самостојно учење“, додаде тој.

На овој начин „Андреј 2„ ги понуди сите информации со кои располагаат, од временската прогноза, кога има најмногу гужви во текот на денот, каков бил сообраќајот во одредени денови (во споредба со претходните години), кога се празниците во Словенија, а кога во странство, каков е протокот на сообраќај, со каква брзина возат возачите и каква е структурата на возилата, бидејќи бројот на камиони значително влијае на протокот на сообраќај.

Резултатите што „Андреја 2„ досега ги понуди на ДАРС веќе се споредени со фактичката состојба на патиштата. Воведувањето на алгоритми во сообраќајниот сектор, каде безбедноста е на прво место, може да биде многу чувствително, особено кога станува збор за вештачката интелигенција.
„Непотребен е стравот дека Андреја 2 ќе ги затвори тунелите и ќе го промени семафорот од црвено во зелено. „Тоа нема да ја загрози безбедноста, протокот на сообраќај или удобноста“, рече Настран.

Пред се, ќе им помогне на работниците во планирањето кога е најоптимално да се затворат одредени делници, со што ќе има помал метеж поради работи на патиштата, а за возачите „Андреја 2„ ќе претставува нешто слично како систем за асистенција во автомобилите. Во ДАРС, тие сакаат да ги подобрат едноставните статистички прогнози и сообраќајни модели што веќе ги користат, како и да развијат програми за помош на возачите.

Ако одите на одмор за еден месец, можете да погледнете кој ден има најмалку гужва на одредена делница. „На ист начин како што денес можете да внесете дестинација во навигацијата и таа ќе ви каже колку време е потребно. Очекуваме дека корисникот ќе може да добие проценка на времето на патување од дома до местото за одмор за релативно кратко време, на пример, во понеделник во 4 часот, 10 часот или 15 часот. Ова ќе им олесни на луѓето да одлучат кога треба да одат на своето патување“, додаде Настран.

Како што објави N1, според Настран, сообраќајно-информативниот центар може да влијае на возачите да се однесуваат порационално, „бидејќи ако одреден број луѓе кои нема да одат на пат во исто време како и сите, може да се очекува помала гужва. .

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK